речник контакт

Во Велес ќе има пречек на Новата година?

Промените на Буџетот изгласани на последната седница на Советот, навестуваат дека ќе се случи организиран пречек на Новата 2012 година.

Петар Печков

 Иако сме средината на октомври а до крајот на годинава останаа уште 75 дена, во велешката локална самоуправа започнаа, засега скришум, со  подготовките за организиран пречек на Новата година.

Прво што се стори е во делот на финансиите. Ставката за обележување на Нова Година е зголемена за 200 илјади денари за покривање на техничките трошоци за организиран дочек на Нова Година по барање на велешките естрадни уметници. Ова е официјалното објаснување од локланите власти.

Откако две години немаше пречек, при крајот на минатата година градочаналникот најави дека ако се најде некој кој финансиски ќе го поддржи тоа, тие се подготвени да се случи.

За годинава се планира да се распише конкурс на кој ќе се повика заинтересиран кој би го организирал овој настан. Тоа би значело доведување на уметници во текот на најлудата ноќ, но и претходно. Тој не би се случувал само едне вечер, туку неколку дена претходно и да биде исполнет со повеќе содржини, за сите возрасни групи.

 Сето ова треба да се случи, под еден голем услов, да се најде сериозна фирма, која како во другите градови, би застанала финансиски зад пречекот на Новата 2012 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »